Анчелоти има забелешка за Винисиус и Белингам


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид славеше со 4-1 против Барселона во финалето на шпанскиот Суперкуп, а тренерот Карло Анчелоти имаше пофалби за своите фудбалери, но и одредени забелешки.

При водство од 4-1, Винисиус и Белингам почнаа да играат со поголема слобода и додаваа со пета, а тоа не му се допаднало на Анчелоти кој ги предупреди своите ѕвезди.

„Му кажав добри работи на Винисиус по мечот, но и дека не ми се допаѓа играњето со пета. Заедно со Белингам направија некои работи кои не се добри. Не сакам да играат со пета, нема потреба од такво нешто“, кажа Анчелоти.