Анчелоти имаше само пофални зборови за Модриќ (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид славеше со 1-0 против Севилја и направи чекор напред кон титулата во Ла Лига, а тренерот Карло Анчелоти доби жолт картон поради протест кај главниот судија.

Италијанецот беше нервозен и сметаше дека не треба да биде поништен голот на Лукас Васкез, па судијата реши да го санкционира тоа.

„Навистина се израдувавме за голот на Лука. Постигна фантастичен погодок и ни помогна да освоиме три бодови. Тој сам ќе реши што ќе прави следната сезона. Тешко е за сите во моментов“, кажа Анчелоти.

Анчелоти, исто така, посочи дека му е тешко да се навикне на новите правила во фудбалот откако им беше поништен гол на „кралевите“.