Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англискиот репрезентативец Џуд Белингам блесна во првата сезона во дресот на Реал Мадрид и постигна вкупно 23 голови и 13 асистенции, при што помогна во освојување на Ла Лига и Лигата на шампиони.
Белингам поради настапите стана еден од главните кандидати за престижната награда „Златна топка“, а тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ја откри тајната за неговиот успех.
„Џуд нè изненади, но заслугата е во неговата генетика. На само 21 година покажа карактер и страст. Шампионот е шампион поради неговата генетика“, кажа Анчелоти.
Белингам пред да се пресели во Мадрид играше одлично и во дресот на Борусија Дортмунд.