Анчелоти ја затвори вратата на летниот преоден рок, а зошто и не кога има вакви два тима!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дали е ова само трик или не, но Карло Анчелоти нагласи дека за Баерн од Минхен овој преоден рок е завршен.

Во овие денови се појави шпекулација дека Лирој Сане е блиску до Алијанц Арена, а Карло Анчелоти ги негираше таквите шпекулации со напомена дека повеќе нема да купува во ова лето.

Да потсетиме, во екипата стигнаа „само“ Матс Хумелс и Ренато Санчез за вкупно 73 милиони евра.

„Нашиот тим веќе сега доволно е покриен и силен на сите позиции. Не ни е потребно ниту едно засилување, завршивме со купување за оваа сезона“, нагласи Анчелоти.

Од клубот отидоа Мехди Бенатија (Јувентус) и Себастијан Роде (Борусија Дортмунд).

Конкуренцијата ќе биде огромна на сите позиции, а тоа покажува и фактот дека Баерн може да направи подеднакво силни состави.

Но не е исклучено екипата да ја напушти Марио Геце кој нема да има важна улога и можно е да се врати во Борусија Дортмунд.