Анчелоти: Милан е осуден на пропаст!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Карло Анчелоти го освои второто место со Реал Мадрид во Ла Лига, а по краткиот одмор ќе се врати на подготовките за следната сезона во која ќе се бори повторно за сите титули.

Италијанскиот тренер ќе остане уште една година кај „кралевите“, а во разговор со медиумите зборуваше за ситуацијата во неговиот поранешен клуб Милан.

Милан неодамна го отпушти директорот и легенда на тимот, Паоло Малдини, по караницата со претседателот Гери Кардинале.

„Во Мадрид научив дека историјата мора да се почитува. Тоа што му се случи на Малдини е недостаток на историска култура и покажување непочит. Вистина е дека историјата не носи победи, но таа те учи како да победувате. Тимови кои ги ставаат бизнисите на прво место се осудени на пропаст“, вели Анчелоти.