Анчелоти: Модриќ воопшто не е среќен!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид заврши со трансфери за ова лето, а тоа го потврди тренерот Карло Анчелоти на денешната прес-конференција.

Анчелоти потврди и дека Лука Модриќ не е среќен поради малата минутажа која ја добива на почетокот на сезоната, но вели дека тоа ќе се промени.

Модриќ имаше неколку понуди од Саудиска Арабија, но и покрај тоа реши да остане во шпанскиот гигант.

„Модриќ во Саудиска Арабија? Лука веќе реши да остане. Тој не е среќен затоа што не игра, но ќе добие минутажа. Тоа е сигурно. Ќе ни треба неговата помош оваа сезона“, кажа Анчелоти.