Анчелоти најде две засилувања: Реал Мадрид ќе „тропне“ на вратата на Манчестер сити и Евертон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Карло Анчелоти го презема Реал Мадрид, а веќе почна да работи на засилувања за следната сезона, иако кажа дека е задоволен од фудбалерите кои ги има во моментов на располагање во шпанскиот гигант.

Анчелоти, сепак, сака да се засили со двајца фудбалери од Премиерлигата, односно од екипите на Манчестер сити и Евертон, каде што претходно работеше како тренер.

Рахим Стерлинг е една од желбите на Италијанецот бидејќи фудбалерот не е среќен во Манчестер сити и сака да си замине од тимот, а наводно Реал е фаворит за неговиот потпис.

Италијанскиот тренер сака да го купи и Ришарлисон од Евертон, кој му остави добар впечаток, па Анчелоти наскоро ќе почне преговори со екипата од „Гудисон Парк“ за потенцијален трансфер.