Анчелоти не бил задоволен од настапот на Модриќ против Атлетико


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти кажа дека не е задоволен од Лука Модриќ, но и од настапот на останатите играчи на мечот против Атлетико Мадрид (1-3).

 Анчелоти кажа дека Модриќ требало да биде главен организатор на играта, но не функционирале замислените идеи на теренот.

„Почнав со Модриќ затоа што сакав да имам што повеќе посед на топката, а сакав да го одморам и Чуамени. Модриќ беше десетка на теренот. Го заменив Лука затоа што Атлетико беше подобар на теренот. Тие ни дадоа два гола за краток период. Не сакам да обвинам никого, но Лука одигра лошо“, кажа Анчелоти.