Анчелоти: Немој да заборавите - Белингам има само 20 години!

Италијанскиот тренер Карло Анчелоти уште еднаш имаше пофални зборови за Џуд Белингам пред дербито со Манчестер сити.

Белингам за кратко време се прилагоди во тимот на „кралевите“, а Анчелоти посочи дека допрва доаѓа неговото време.

„Немој да заборавите, Белингам има само 20 години. Џуд е неверојатен фудбалер и ќе биде еден од најважните во иднина. Белингам е добар, силен и модерен играч“, кажа Анчелоти.