Анчелоти откри кој ќе брани против Баерн Минхен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид утре го игра реваншот против Баерн Минхен во полуфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ).

Тренерот Карло Анчелоти кажа дека шанса меѓу стативите ќе добие Андреј Лунин, додека Тибо Куртоа ќе остане на клупата.

„Лунин ќе брани. Планот за еден играч кој се враќа од тешка повреда не го менува само еден меч. Тибо беше на теренот против Кадиз затоа што го достигна натпреварувачкото ниво, но има време за да се врати во најдобра форма“, кажа Анчелоти.