Анчелоти пред големото дерби против Рома, останува без најголемиот адут во тимот…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наполи во следното коло во италијанската Серија А ќе гостува кај Рома која има императив за победа доколку сака да оствари пласман во Лигата на шампионите.

Дербито ќе биде уште една интересна средба во најава, но Карло Анчелоти на мегдан ќе мора да излезе против својот бивши клуб и тоа без најголемата ѕвезда.

Лоренцо Инсиње нема да може да им помогне на своите соиграчи против „Волчицата“ бидејќи го повреди мускулот на десната нога.

Засега не е познато колку ќе отсуствува репрезентативецот на Италија, но сигурно е дека за викендот нема да биде во ростерот.

Деулот на Олимпико е закажан за в недела во 15 часот.