Анчелоти призна: Згрешив со замената на Модриќ!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид освои само бод против Рајо Валјекано, откако ѕвездите на „кралскиот клуб“ не успеаја да го матираат македонскиот голман Столе Димитриевски.

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти по натпреварот призна дека згрешил со замената на Лука Модриќ, кога во 69. минута го повлече Хрватот, а на негово место го пушти Родриго.

„Модриќ беше многу добро, не заслужи да биде заменет. Требаше да ги променам Камавинга или Валверде. Сакав со Родриго да преминам на формација 4-3-3. Дадовме сè од себе, но не успеавме да победиме“, вели Анчелоти.