Ањели бил на ручек со новиот тренер на Јувентус? 📸


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Андреа Пирло ќе го напушти кормилото на Јувентус на крајот на сезоната затоа што тимот ја загуби титулата, а може и да ја загуби битката за пласман во Лига на шампиони.

Италијанските медиуми пишуваат за можната замена на Пирло, а како најсериозен кандидат за тренерската позиција се споменува Масимилијано Алегри.

Алегри одамна е без работа, но наскоро би требало да го прекине одморот и повторно да се врати на кормилото на „Старата дама“.

Јувентус до крајот на сезоната ќе се бори само за трофејот во италијанскиот Куп, како и пласман меѓу четирите најдобри тимови во Серија А.

Доколку Јувентус не го победи Интер во текот на денешниот меч, тогаш Пирло би можел да заработи отказ до крајот на денот.