Ањели најави: ЛШ ќе се игра по „швајцарски“ модел, следат големи промени!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели најави дека гигантите ќе се договорат за нов формат на Лигата на шампиони (ЛШ), а со тоа ни следат и големи гиганти.

Ањели бара поквалитетни натпревари, со што ќе се зголеми интересот кај светската публика, а тој најави нов формат во ЛШ со 36 клубови по „швајцарски модел“ и секој тим во групната фаза ќе одигра по 10 натпревари.

„Многу сме блиску до договор за идеален формат на Лигата на шампиони. Тој швајцарски систем е одличен. Тоа ќе отвори можност на многу клубови да имаат шанса за нокаут фазата. Тоа е суштината на натпреварувањето. Блиску сме до носење на нов формат“, кажа Ањели.