Ањели: Суперлига? Не сме се откажале од неа, нашиот план ќе се реализира!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на Јувентус, Андреса Ањели кажа дека италијанскиот гигант не се откажува од идејата да формира европска Суперлига со останатите екипи.

Ањели се сретна со раководството на тимот и зборуваше за Суперлигата, но и за Кристијано Роналдо, кој ги напушти минатото лето и се пресели во Манчестер јунајтед.

„Финансиската година ја завршуваме со загуба од 210 милиони евра. Ќе побараме зголемување на капиталот за нови 400 милиони евра. Суперлигата беше формирана од 12 клуба кои знаат дека на фудбалот му треба промена. Јас не се откажувам од Суперлигата, на системот му треба промена и Јувентус сака да биде дел од него. Исто така ми беше чест да соработувам со Роналдо, најдобриот фудбалер во светот“, кажа Ањели.