Ањели во друштво на новиот тренер на Јувентус го следеше дербито против Торино?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми објавија дека Јувентус планира да му даде отказ на Андреа Пирло, а веќе е позната и неговата замена на кормилото.

„Старата дама“ одигра 2-2 против Торино и тоа им ја искомплицира борбата за пласман во топ-4 во Серија А.

Претседателот Андреа Ањели го гледаше дербито во друштво на Масимилијано Алегри, па тоа предизвика шпекулации дека тренерот се враќа на клупата на „бјанконерите“.

Ањели и Алегри имаат одличен однос, па не би требало да биде изненадување ако го видиме тренерот повторно на кормилото на актуелниот италијански шампион.

Јувентус во среда игра против Наполи, а од тој резултат зависи иднината на Пирло.