Ањели: Засрамен сум, но Алегри ќе остане тренер на Јувентус!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус доживеа непријатен пораз на гостувањето кај Макаби Хаифа со 0-2 во четвртото коло од групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ), па така направи чекор назад во борбата за осминафинале.

Овој пораз ги налути навивачите кои бараа отказ за тренерот Масимилијано Алегри, кој не го предводи Јувентус како што се очекува оваа сезона, но претседателот на клубот Андреа Ањели испрати јавна порака.

„Ова е тешка ноќ во лош период. Еден од најтешките периоди за нашиот тим. Се чувствувам засрамен поради тоа што се случува, лут сум, но во ваква ситуација не е виновна една личност, туку тоа прашање треба да го реши цела група“, вели Ањели.