Ангеловски нема среќа: Осми пораз во десет меча, и тоа со гол во 91. минута!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски нема среќа на кормилото на Горица, која повторно загуби, и тоа со гол во 91. минута од натпреварот против Истра.

Монсеф Бакар ѝ пресуди на Горица во 91. минута за осми пораз на македонскиот тренер во десет меча на тренерското столче на екипата.

Неодамна Горица загуби од Динамо Загреб во 92. минута (1-2), а исто така и против Хајдук загуби дури во 98. минута.

Горица е последна на табелата со седум бодови од 16 одиграни меча, а пред нив е Риека со 12 и Шибеник со 13 поени.