Англиски циркус: ВАР можел да го казни Пикфорд, но судиите заборавиле на едно правило!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Минатиот викенд беше одиграно големото градско дерби меѓу Евертон и Ливерпул, кое на крајот заврши со резултат 2-2.

Натпреварот на „Гудисон парк“ го одбележа тешка повреда на Вирџил ван Дајк, кој ги скина лигаментите на коленото и ќе мора да паузира најмалку шест месеци.

Холанѓанецот се повреди по бруталниот старт на голманот Џордан Пикфорд, кој не доби ниту жолт картон, иако многумина сметаат дека требало да добие црвен картон.

Ливепрул и Јирген Клоп се изнервирани поради тоа што Пикфорд според ВАР-правилата можел да добие црвен картон без разлика што Ван Дајк имало офсајд во акцијата.

„Дејли Мејл“ објави дека ВАР-системот не ја ни прегледал ситуацијата зашто судиите кои биле во ВАР-собат азаборавиле дека постои правило играч да добие црвен картон, иако има друга одлука на теренот, односно офсајд во случајот.