Ливерпул нема избор: Клоп плаќа 50 милиони евра за замената на Ван Дајк


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул во саботата остана без Вирџил ван Дајк, кој го чека долга пауза откако ги скина лигаментите на коленото. Холанѓанецот се повреди во мечот против Евертон, кога во него се удри голманот Џордан Пикфорд.

Шампионот мора да донесе замена за Ван Дајк уште во јануари затоа што не е точно познато кога Холанѓанецот ќе се врати на теренот. Навивачите жалат што клубот го продаде Дејан Ловрен, но сигурно „црвените“ нема да седат мирни во зимскиот преоден рок.

Англиските медиуми пишуваат дека Ливерпул тргнал во акција и нивна главна цел во јануари е Дајот Упамекано, кој настапува одлично за Лајпциг и беше големо изненадување што германскиот тим го задржа летово.

Ливерпул ќе се обиде да го ангажира Упамекано во јануари, а јасно е дека за него ќе мора да платат над 50 милиони евра, но во ситуацијава немаат друг избор.