Ансу Фати: „Десетката“ за мене е мотивација, никој нема да биде како Меси…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона ја продолжи соработката со талентираниот Ансу Фати, кој треба да биде наследник на Лионел Меси, откако Аргентинецот си замина ова лето од екипата.

Талентираниот фудбалер синоќа стави потпис на нов договор со клубот, па ќе остане во Каталонија до 2027 година, а доби и откупна клаузула од милијарда евра.

Фати зборуваше за големата одговорност која падна врз негов грб и бројот 10 кој го наследи од Меси.

„Смирен сум, знам дека можам да му помогнам на тимот. Бројот 10 не ми претставува притисок, туку мотивација. Никој нема да биде како Меси, Пујол и Чави. Јас ќе одам по мојот пат. Можеше бројот 10 да му припадне и на друг играч, но среќен сум што јас ја добив честа да го носам. Имав и други опции, но мој приоритет беше Барселона“, кажа Фати.