Антиќ го повлече првиот чекор, Давитков повеќе не е селектор на репрезентацијата на Македонија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Искусниот стратег Јорданчо Давитков повеќе не е селектор на македонската кошаркарска репрезентација, откако таа информација ја потврди претседателот на КФСМ, Перо Антиќ.

Засега не е познато кој ќе биде негов наследник, но Антиќ порача дека следниот стратег ќе биде од Македонија, но има богатсто искуство од странство.

Инаку, Давитков дојде на местото селектор на репрезентацијата во доста турбулентен период, пред две години и од тогаш успеа да создаде тим кој дојде блиску до пласман на Европското првенство.