Антиќ: Сакам Србија да го освои Евробакетот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот македонски кошаркар и прв човек на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) зборуваше за Евробаскетот.

Антиќ во разговор со српскиот портал „Мондо“ кажа дека му се допаѓа тоа што балканските земји имаат силни состави.

„Сакам Србија да го освои златниот медал, имаат квалитетен состав, а според мене блиску се и Словенија и Грција. Ќе биде интересно, но смета дека Србите треба да го освојат златото“, кажа Антиќ.

Исто така, Антиќ кажа дека не му се допаѓа стилот на игра на Франција затоа што делуваат како да го преземале американскиот менталитет.

Словенија во моментов го брани златото на Евробаскетот и по две кола запиша две победи.