Апсолутен хаос во Англија: Ерик Даер скокна на трибини да се пресмета со фан (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тотенхем синоќа беше елиминиран од Норвич во ФА Купот, а по мечот имаше вистински хаос на трибините.

Фудбалерот на Спарси, Ерик Даер, отиде во публиката да се пресмета со еден од навивачите на домашната екипа, со тоа што Даер одеше по еден навивач кој го провоцираше неговиот брат на трибините.

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо откри по мечот зошто Даер влезе во пресметка со навивач.

“Тој ми рече дека еден од навивачите жестоко го навредувал. Ерик направи нешто што професионалците не треба да го прават, но во овој случај, секој од нас би го направил истото. Дали клубот ќе го казни? Не знам, но нема да се согласам со тимот “, рече Мурињо.

Фудбалската асоцијација на Англија сигурно ќе го започне процес против Даер по вакви сцени и тој би можел да биде строго казнет.