Арапите го купија Њукасл, а сега сакаат и тим од Милано!

Саудискиот принц Мохамед Бин Салман, односно Инвестицискиот фонд кој доаѓа од Саудиска Арабија, има намера да купи уште еден клуб.

Во четвртокот го купија Њукасл за 300 милиони фунти, а следната инвестиција треба да им биде во Италија.

Италијанските медиуми објавија дека Инвестицискиот фонд го сака Интер, кој треба да го купи од кинеската „Сунинг“ група.

Интер е актуелен шампион на Италија, но веќе некое време има финансиски проблеми и поради тоа минатото лето мораше да ги продаде своите најдобри фудаблери, Ромелу Лукаку и Ашраф Хакими.

Арапите планираат големи инвестиции во Њукасл за засилувања и во инфраструктурата, а очигледно ист план имаат и за екипата од Милано.