Се огласи Ванда: Икарди останува 100% во Интер…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сопругата на Мауро Икарди, Ванда Икарди изјави денес за италијанските медиуми дека аргентинскиот напаѓач сигурно ќе остане во Интер.

Изминатите години доста се шпекулираше за тоа дали Икарди ќе го напушти Интер бидејќи имаше гласини дека не сака да го продолжи договорот со клубот од „Меаца“. Меѓутоа, Ванда одлучи сето тоа да го демантира иако и самата пред неколку недели изјави дека Мауро размислува за заминување.

Но, овојпат семејството Икарди ја промени приказната и сега Ванда тврди дека Мауро 100% ќе го продолжи договорот со Интер. Иако преговорите се уште не започнале очигледно е дека Икарди баш и нема намера да ја напушти „Меаца“.

„Не сме зборувале со клубот за новиот договор и нема се уште потреба. Кога ќе не повикаат ќе седнеме и ќе се обидеме да се договориме. Тој сака да остане и сигурна сум дека ќе остане 100% во Интер иако се уште не сме зборувале со челниците на клубот. Одиме чекор по чекор и нема навистина причина да се пишува дека заминува“, истакна Ванда.