Ирвинг, Дурант… Џонсон потврди: Лејкерс добива нова ѕвезда на лето


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лос Анџелес лејкерс наредното лето ќе се засили со ангажирање на некоја ѕвезда меѓу слободните агенти, а тоа го потврди и претседателот на клубот Меџик Џонсон.

Франшизата од Калифорнија неодамна од Њу Орлеанс се обиде да го ангажира Ентони Дејвис, но управата на клубот не попушти.

„Тоа не ги менува нашите планови на лето. На пазарот секогаш постојат многу слободни агенти, ние сакаме да потпишеме со една од нив“, кажа Џонсон.

На крајот на сезоната без договор остануваат Кевин Дурант, Кави Ленар, Кајри Ирвинг…

Лејкерс минатото лето го ангажираа Леброн Џејмс од Кливленд, а во моментов се десетти на Западот со 28-28.