Нема враќа назад: Соиграчите му забиле нож во грб, Икарди нема многу опции


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мауро Икарди ги проживува најтешките денови во Интер, откако му беше одземена капитенската лента, а потоа реши да го пропушти мечот во нокаут-фазата од Лига Европа против Рапид Виена, па вчерашниот состанок со управата му траеше само 15 минути.

Икарди останал на својот став, секогаш вложувал максимум за Интер, а не заслужил со ништо клубот да му ја одземе капитенската лента.

„И тој и Ванда беа јасни, односно поголемиот број соиграчи му забиле нож во грб. Со него останаа Јужноамериканците, меѓу кои Лаутаро Мартинез, Весино, Борха Валеро, а остатокот се против него“, вели познатиот новинар Ди Марцио.

„Газета дело Спорт“ пишува дека Аргентинецот треба да разговара и со претседателот Жанг, кој стигна од Кина, па тогаш ќе биде решена неговата судбина.

Голгетерот најверојатно нема да биде во тимот против Сампдорија, а на крајот на сезоната би можел да се пресели во Јувентус, додека во спротивен правец би заминал Пауло Дибала.