Официјално: Игор Карачиќ го напушта Вардар и се сели во Кјелце!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Игор Карачиќ по седум сезони поминати во редовите на македонскиот шампион Вардар ќе се пресели во Кјелце од наредната сезона.

Кјелце на социјалните мрежи потврди дека го ангажирале Карачиќ, кој им се приклучува на Алекс Душебаев и Лука Циндриќ, поранешните Вардарци.

„Игор Карачиќ ќе му се приклучи на Кјелце, откако потпиша тригодишен договор“, соопштија од полскиот шампион.

Карачиќ е задоволен од трансферот во Кјелце, па смета дека во вистински момент се решил за нов предизвик во својата богата кариера.

„Среќен сум што имам можност да заиграм во Кјелце. Поминав богати години во Скопје, но време е за нов предизвик“, вели Карачиќ.