Дел Потро е најголемиот малер во светот на спортот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин Дел Потро дефинитивно е најголем малер во светот на тенисот и еден од најголемите малери во светот на спортот.

Популарниот Делпо се врати на теренот после повредата на коленото пред неколку седмици, а се чини дека ќе мора да нова пауза.

Голем дел од кариерата на Делпо беше уништена од бројни повреди, па веројатно повеќе време има поминато надвор од терените, отколку на него, а токму кога сите очекуваа дека повторно ќе заигра, се чини дека повторно ќе мора на пауза.

Тој силно сакаше да се врати пред Индијан Велс каде требаше да ја брани титулата, па заигра на турнир во Лос Кабос. Сепак, се чини дека тоа му беше лоша одлука, бидејќи очигледно коленото не му било доволно спремно и како што стојат работите, ќе биде неопходна нова операција.

Ова ќе го оддалечи од терените нови шест месеци, што секако би било премногу. Тој сега размислува за наредните потези, а одлуката би требало да биде соопштена наскоро.

Инаку, во досегашната кариера имаше пет операции (четири на зглобот и една на коленото), а ова ќе му биде шеста.