Доказ дека Леброн Џејмс го „регрутира“ Кави Ленард во Лејкерс!? (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Одамна се шпекулира дека Лос Анџелес Лејкерс наскоро би можел да го ангажира Кави Ленард, кој ќе му се приклучи на Леброн Џејмс и ќе му помогне во борбата за нови успеси.

Се  шпекулира дека Џејмс може да учествува во регрутирање на Ленард, па не би имал ништо против да му се приклучи во „Градот на ангелите“.

Ленард синоќа го предводеше Торонто репторс до триумф токму против Лејкеерс од 111-98, а по мечот при поздравот на двајцата кошаркари, наводно Леброн имал порака до Ленард.

„Ќе бидеме во контакт“, наводно му кажал Леброн на Ленард.

Токму тие зборови предизвикаа нови шпекулации во медиумите, па поддржувачите на Лејкерс се надеваат дека „кралот“ ќе успее да им обезбеди големо засилување.

Сепак, синоќешниот меч не мора ништо да значи, но Ленард има опција да излезе од договорот и да стане слободен кошаркар летово.