Сензација на повидок: Ѕвезда на Голден Стејт договори спектакуларен трејд!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ѕвездата на Голден Стејт вориорс, Кевин Дурант од наредното лето ќе биде слободен кошаркар и ќе може да бира каде сака да ја продолжи кариерата.

Дурант ќе има можност да преговара со останатите НБА-тимови, а како што стојат работите на крајот би можел да стане нов кошаркар на Њујорк никс.

Овој 30-годишен кошаркар во јануари, наводно, имал преговори со Њујорк и ги договорил личните услови од договорот.

Токму пристигнувањето на Дурант би бил огромен плус за екипата на Њујорк, која со години сонува за пласман во плејофот.

Дурант и сезонава игра одлично, па во просек постигнува по 27 поени на натпревар. А, освен него Њујорк ќе се обиде да ја донесе и ѕвездата на Бостон селтикс, Кајри Ирвинг.

Одличниот плејмејкер, како и Дурант, на лето ќе биде слободен кошаркар, па Њујорк со нив би можел да биде еден од главните кандидати за плејоф, но и за титулата.