„Бомба“ на повидок: Баерн Минхен купува суперѕвезда на Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баерн Минхен планира да се засилува наредното лето, а како една од најголемите желби на тренерот Нико Ковач се споменува ѕвездата на Реал Мадрид, Герет Бејл.

Германските медиуми пишуваат дека Бејл ќе биде замена за Арјен Робен и Франк Рибери во баварскиот гигант, па тоа би можело да му одговара на 29-годишниот фудбалер.

Бејл во моментов се наоѓа на мета на критики кај шпанските навивачи, зашто „кралевите“ играат сезона за заборав, па можеби токму ваков трансфер е „спас“ за неговата кариера.

Искусниот фудбалер се поврзуваше и претходно со Баварците, но тогаш одби да се пресели во Баерн Минхен.

„Телеграф“ пишува дека Баварците ќе се обидат преку блиску луѓе до Бејл да го убедат да се пресели во Минхен, но останува да видиме на лето дали ќе успеат во нивната намера.