Закани по животот на ѕвездата на ЦСКА Москва (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарот на ЦСКА Москва, Вил Клејбрн на својот Твитер профил објави дека му се заканувале по неговиот живот на социјалните мрежи.

По победата на ЦСКА против Фенербахче во Евролигата, сопругата Вила Клејбрн доби порака во која пишува дека нејзиниот сопруг ќе биде ликвидиран за три дена.

Вил објавил фотографија од разговорот и ги запраша Евролигата и Фенербахче што ќе направат поради овие закани.

Во пораката пишувало дека човекот кој се заканува е во Русија и дека семејството нема причина да се грижи, но Вил нема уште многу време.

Евролигата реагираше со соопштение во кое ги осуди коментарите и кажа дека нема толерација, а лицето ќе добие забрана за влез на натпреварите од Евролигата и Еврокупот.