Федерер експресно го прегази Иснер за 101-ва титула во кариерата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер го освои Мастерс-турнирот во Мајами, откако денеска славеше против Џон Иснер со 2-0 во сетови и за само 62 минути стигна до голем успех.

Швајцарецот во првиот сет си играше со својот ривал, зашто трипати направи брејк и сетот го доби со високи 6-1 по само 25 минути игра.

Во вториот сет Иснер играше за нијанса подобро, но ниту тоа не беше доволно за да успее да го освои сетот, па Федерер го доби со 6-4.

Ова за Федерер беше прва Мастерс титула уште од 2017 година, а вкупно 101-ва во кариерата.

Со оглед на тоа дека освои дополнителни 990 бодови со освојувањето на трофејот во Мајами, Федерер од утре ќе биде четврти тенисер во светот, односно ќе напредува за една позиција.