Маркез без конкуренција во Аргентина, Роси ја доби битката со Довициозо за второто место!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот возач Марк Маркез оствари прва победа во актуелната сезона во Мото ГП шампионатот.

Бранителот на титулата стартуваше од првата позиција и по неколку свиоци успеа да им избега на конкурентите. Тогаш стана јасно дека некој тешко ќе успее да го стигне.

Додека Маркез од круг во круг ја зголемуваше предноста, се водеше голема борба за второто место во која до самиот крај учествуваа Андреа Довициозо и Валентино Роси.

Роси на средината на последниот круг успеа да го премине Довициозо и да остане на втората позиција до крајот. На четврто место заврши Џек Милер, а петти беше Алекс Ринс.

Инаку, Маркез е лидер во шампионатот по две трки, а веднаш зад него е Довициозо. Наредната трка се вози во САД и тоа на 14-ти април.