Ѓоковиќ останува прв, Федерер скокна на четврто место на АТП


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ останува на лидерската позиција на АТП-листата, иако доживеа рана елиминација на Мастерсот во Мајами.

Ѓоковиќ го зврши своето учество во Мајами уште во четвртото коло, но тоа му донесе нови бодови, па сега на лидерското место има 11.070 бодови.

Кога станува збор за најдобрите десет на светот, тука имаше неколку промени. Зад Ѓоковиќ е Шпанецот, Рафаел Надал и Германецот Александер Зверев, додека четврти од денеска е Роџер Федерер.

Австралијанецот Доминик Тим падна на петто место, Кеи Нишикори остана шести, Кевин Андерсон е на седмата позиција, а до десетото место се уште и Стефанос Циципас, Хуан Мартин дел Потро и Џон Иснер.