СЕХА го поздрави Вардар со прекрасно видео: Добра ноќ, шампиони! (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во натпревар со многу возбудувања, пресврти и страшната повреда на Кристијан Дисингер, кој ја фрли победата во сенка, барем кај неговите соиграчи, но и кај дел од навивачите, Вардар успеа по петти пат во историјата, односно третпат по ред да ја освои СЕХА-лигата и тоа со победа против ППД Загреб од 26-23.

Мора да признаеме, хрватската екипа добро се држеше против моќниот Вардар, барем во поголемиот дел од средбата, но едноставно во последните две минути од дуелот во Брест, Белорусија, немаше шанса да направи пресврт.

Вардар на тој начин испиша историја и како единствена екипа, која ја освоила титулата трипати по ред во регионалната СЕХА-лига, а ракометарите на Вардар трофејот му го посветија на Дисингер, кој очигледно ја заврши сезоната, поради тежината на повредата.

СЕХА-лигате подготви специјално видео за македонскиот шампион, па им ја честиташе титулата на „црвено-црните“.