Крафорд го урна легендарниот Џордан и постави рекорд во НБА (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот кошаркар на Феникс санс, Џамал Крафорд успеа да испише историја во еден од своите последни натпревари во НБА-лигата.

Крафорд во поразот на Феникс од Далас (109-120) постигна дури 51 поен, па така стана најстариот кошаркар кој успеал да постигне повеќе од 50 поени на меч.

Претходен рекордер беше Мајкл Џордан, кој успеа да стигне до таквиот рекорд на 38 години и 315 денови.

Крафорд исто така успеал да постигне повеќе од 50 поени и во екипите на Чикаго булс, Њујорк никс и Голден Стејт вориорс.