Голема реконструкција на „Енфилд“: Клоп се збогува со седуммина играчи…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Одредени промени во текот на летниот преоден рок ќе претрпи играчкиот кадар на Ливерпул. Според пишувањата на Мирор, Јирген Клоп ќе прешкрта седуммина играчи.

„Црвените“ во финишот на сезоната ќе се борат за шампоионската титула во Англија, а на вистински пат се и да се изборат за пласман меѓу најдобрите четири екипи во Европа.

Сепак, без оглед на конечниот епилог на ова натпреварување оваа година, германскиот стратег на „Енфилд“ ќе донесе неколку скапоцени засилувања. Нивното доведување планира да го реализира со седуммина играчи.

Според пишувањата на Мирор во соблекувалната на Ливерпул од летото повеќе нема да има место за Симон Минјоле, Алберто Морено, Адам Лалана, Даниел Стариџ, Клајн, Жоел Матип и Ориги.

Кога се во прашање пристигнувањата во последните денови најчесто се пишува за Тим Вернер. Германскиот репрезентативец дефинитивно ќе го напушти Лајпциг. За неговиот потпис, „Црвените“ ќе мораат да бидат побрзи од Баерн.