Зошто се врати Покетино на терен половина час по завршувањето на мечот? (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тотенхем на крилјата на Лукас Моура обезбеди пласман во финалето на Лигата на шампиони, откако славеше со 3-2 против Ајакс во Амстердам.

Аргентинскиот тренер Маурицио Покетино емотивно го доживеа пласманот во финале, а тоа му беше прв поголем тренерски успех, а интересен е моментот кога по 30 минути по завршување на мечот се врати на теренот.

Навивачиите на Тотенхем од безбедносни причини уште беа на трибините, а Покетино дојде на теренот за да ги поздрави, па поради тоа доби големи овации.

Потоа му се приклучија и неколку фудбалери на лондонскиот клуб, а причини за славје имаа и тоа многу, а Покетино покажа дека е навистина голем човек.