Кирјос го критикуваше Ѓоковиќ: Ти си болен…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Австралискиот тенисер Ник Кирјос испрати непријатни зборови кон најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ.

Познато е дека Кирјос не е фан на Ѓоковиќ, па реши повторно да го критикува, а откри и што ќе направи ако го победи во наредниот меѓусебен меч.

„Ѓоковиќ е болен со желбата сите да го сакаат. Толку многу што не можам да го поднесам. Ако го победам во наредниот меч, ќе прославам пред него, како што го прави тоа тој“, вели Кирјос.

Кирјос и Ѓоковиќ досега играат двапати, а двата дуели ги доби тенисерот од Австралија, кој очигледно е инспириран кога игра против Србинот.

Двајцата тенисери во моментов настапуваат на Мастерсот во Рим, па постои можност да одиграат и трет меѓусебен дуел.