Ѓоковиќ не се грижи премногу за поразот во Рим: Србинот ја зголеми предноста пред Надал!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ по три сета беше поразен од Рафаел Надал во финалето на Мастерсот во Рим, но и покрај тоа Србинот ја зголеми предност пред Шпанецот на АТП-листата.

Тоа се случи, зашто Надал во Рим ја бранеше титулата, па новиот трофеј не му донесе никакви промени.

Тој остана на 7.945 поени, додека Ѓоковиќ дојде како минатогодишен полуфиналист и бранеше 360 бодови. А бидејќи загуби во финале, тој доби дополнително поени, па сега ја зголеми предноста пред Шпанецот. Ѓоковиќ сега има 12.355 бодови.

Што се однесува до останатите тенисери, од топ-10 испадна Марин Чилиќ, а на десето место сега е Џон Иснер.

Во топ-10 се уште и Роџер Федерер, Доминик Тим, Александар Зверев, Стефанос Циципас, Кеи Нишикори, Кевин Андерсон и Хуан Мартин дел Потро.