Кирјос пред неколку дена го навредуваше Ролан Гарос, а сега се повлече од турнирот! (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Контроверзниот тенисер Ник Кирјос е познат по своите непримерни потези на тениските терени, но и надвор од нив.

Кирјос пред неколку дена го критикуваше вториот гренслем турнир во сезоната Ролан Гарос преку социјалните мрежи, а денеска реши да не настапи на истиот.

„Што се случува? Еве ме, тренирам со Енди Мареј. Мислам дека Вимблдон е најдобар турнир во светот, погледнете ја таа совршена подлога. Отстранете ја земјата, луѓе. Кој сака земјен терен, кога е толку лош? Факт е дека сум тука и дека за неколку дена морам да одам во Париз. Ролан Гарос е с**ње“, вели Кирјос.