Големо предавство на Островот: Направи директен трансфер од Сити во Јунајтед


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити важат за лути градски ривали и токму затоа ретко може да видиме трансфер на релација „Олд Трафорд“ – „Етихад“.

Сепак, таков беше случајот со Аби Мекманус, фудбалерка која цели 12 години беше дел од Манчестер Сити, но сега се реши да го облече дресот на Манчстер Јунајтед.

Мекманус важеше за една од најдобрите фудбалерки на Сити клуб за кој настапи 111 пати и му помогна на тимот да освои две титули во ФА Купот и две континентални титули. Во 2016 година ја освои и женската Супер Лига.

Во не така далечното минато Карлос Тевез се пресели од Јунајтед во Сити и го навлече гневот на навивачите на „ѓаволите“, а сличен потег направи и Овен Харгрејвс.