Навивачите го исмејуваат Игуан после синоќешната фотографија: Дали сакаше да го изеде медалот?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинецот повторно е предмет на исмејување.

Навивачите на Челзи, но и на останатите клубови на големо го исмејуваат Гонзало Игуаин поради фотографијата со трофејот од Лига Европа и медалот.

И покрај тоа што станува збор за еден од најдобрите светски напаѓачи во последната декада, Игуан во последните години се сретна со бројни критики на сметка на неговиот изглед.

Навивачите му замеруваа бидејќи има вишок килограми, а се започна оној ден кога за прв пат се појави во дресот на Јувентус. Тогаш не изгледаше како професионален фудбалер и имаше барем 10 килограми вишок, а навивачите тоа не му го заборавија и ја користат секоја прилика за да го исмејуваат.

Последната фотографија на која популарниот Пипита го гриза медалот освоен после синоќешното финале во Баку ги асоцира навивачите дека тој изгледа како да сака да ја изеде.

Аргентинецот наредниот пат сигурно ќе размисли два пати пред да објави нешто на Инстаграм.