Англичаните едвај дочекаа, па се степаа сред Мадрид (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пијани англиски навивачи на Ливерпул и Тотенхем се степаа вчера во Мадрид, кадешто на „Ванда Метрополитано“ ќе се одигра финалето од Лигата на шампиони меѓу англиските екипи.

Секако, еден ден пред мечот стигнаа голем број навивачи од Англија во Мадрид, а на улиците на шпанскиот град беа забележани неколку инциденти.

На интернет се појави снимка на која може да се забележи како група луѓе прават нереди и влегуваат во физички пресметки, но набрзо полицијата ја смири ситуацијата.

Навивачите на англиските клубови имаат обичај, кога одат на гостувања, да направат нереди во алкохолизирана состојба.