Конечно славје за Ливерпул: Прва голема титула по цели 14 години (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Ливерпул стигна до долго посакуваниот трофеј во Лигата на шампионите откако во финалето на „Ванда Метрополитано“ со 2:0 го совлада тимот на Тотенхем.

Во не  многу убедлив натпревар на теренот избраниците на Јирген Клоп подобро се снајдоа и на крајот сосема заслужено се радуваа на трофејот.

Резултатот го отвори Мо Салах со гол од пенал уште во втората минута, додека вториот гол го постигна Дивок Ориги во 87. Минута.