Навивачите го избраа Мораеш за најдобар играч на Ф4 во ЛШ (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Европскиот шампион Вардар минатата недела ја освои титулата во Лигата на шампиони (ЛШ), па така го повтори огромниот успех од 2017 година.

Еден од најзаслужните за триумфот на Вардарци беше Рожериор Мораеш, кој во избор на навивачите беше прогласен за најдобар ракометар на фајнлфор-турнирот во Келн.

Мораеш беше одличен во финалето од ЛШ против Веспрем, против кој постигна шест гола, а од следната сезона ќе игра во нивната екипа.

Инаку, токму неговиот одличен настап во финалето го наградија навивачите, кои го избраа за најдобар ракометар.