Пуштени во продажба влезниците за мечот меѓу Македонија и Грција!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација во недела ќе го одигра последниот меч од квалификациите за Европското првенство (ЕП) 2020 година и тоа против Грција во Струмица.

Македонската јавност во претходните денови се прашуваше каде може да се набават билети за мечот бидејќи никој немаше објавено подетални информации, но конечно се појави таква информација.

Билетите ќе бидат во ограничен број, а ќе се продаваат само во Струмица, на продажното место на МК Тикетс во Кафе бар Концепт.

Колку за потсетување, Македонија со триумфот против Турција на гости обезбеди пласман на ЕП, а против Грците ќе се обидеме да им се одмаздиме за неочекуваниот пораз во Кожани.

Мечот Македонија – Грција се игра во недела од 18 часот во Струмица, а цената на влезниците е 200 денари.